(ФОТО) На НБА ѕвездата му е наредено да ја прекрие тетоважата

На НБА ѕвездите им наредиле да ги прикријат тетоважите

Ѕвездата на Шарлот Хорнетс, ЛаМело Бол, доби наредба од НБА да прикрие тетоважа под левото уво. Причината се правилата кои ги има лигата, а кои забрануваат реклами на телата на кошаркарите.

НБА му нареди да ја прикрие својата тетоважа „LF“ за време на натпреварите поради кршење на правилата за рекламирање.

Според правилата на НБА, на кошаркарите изречно им е забрането да носат реклами на компанијата на телото. Токму таков е случајот со Бол, кој под увото ги има истетовирано иницијалите „LF“.

Овие букви значат неговото средно име, LaFrance, кое е и името на неговиот бренд за облека, па на крајот лигата одлучи да преземе акција и Бол не може да игра со откриена тетоважа.

„Според колективниот договор, на играчите им е забрането да прикажуваат корпоративно брендирање на нивните тела и коса за време на игрите. Тетоважата на ЛаМело е јасно прекршување на правилата и од него е побарано да го прикрие тоа“, изјави НБА-ПР Тим Френк.

Бол има слична тетоважа на раката. Но, не се гледа јасно како онаа под увото и нема обврска да го покрие.