ФОТО НА ДЕНОТ: Сите плачеа по Меси, дури и фоторепортерот

Простувањето на Лионел Меси од Барселона не беше лесно за ниеден навивач на каталонскиот клуб, а особено за оние кои беа присутни на прошталната прес-конференција.

Тој се расплака уште пред да им се обрати на присутните, а солзите едвај ги задржуваа останатите во прес салата на Барселона.

Камерите фатија еден од фоторепортерите кој додека се обидуваше да направи фотографија, пушти солзи пред објективот.