ФОТО НА ДЕНОТ: Годината е 2050, Надал уште победува на Ролан Гарос

Цел свет и натаму му се восхитува на Рафаел Надал на 13. титула на Ролан Гарос, но и за начинот на кој дојде до неа, буквално газејќи го Новак Ѓоковиќ.

Долгогодишната доминација на Шпанецот на овој турнир ги предизвика оние најинвентивните да се пошегуваат на негова, но и на сметка на другите кои се натпреваруваат во тенисот.

Излезе и една монтажа на која Надал е претставен како стар дедо, на повеќе од 50 години, но уште игра и победува на Гренд слемот во Париз.