(ФОТО) Момир Илиќ во Вардар !?

Еден од најдобрите српски ракометари на сите времиња, Момир Илиќ кој пред еден месец соопшти дека става крај на својата кариера, деновиве е во нашиот главен град Скопје.

Искусниот 38-годишен ракометар синоќа со својата сопруга и дете, а во друштво на нашиот Манасков со кого беа соиграчи во Веспрем, како и нивните менаџери беа забележани во една кафана.

За ова сведочи и заедничката фотографија. Па веднаш се наметнува прашањето, што ли бара Илиќ со своите менаџери во Скопје – а веднаш на сето ова асоцира Вардар.

Дополнително шпекулациите се засилени поради тоа што нашите информации велат дека синоќа во истата кафана биле и директорот на Вардар, Давор Стојановски, како и првиот човек на клубот Сергеј Самсоненко.

Дали ова значи дека можеби Илиќ ќе го видиме во „црвено-црниот“ дрес и ќе се предомисли за пензијата или пак можеби ќе биде вклучен во стручниот штаб.

Сепак, сетоа ова е во доменот на шпекулациите бидејќи нема официјална потврда ниту од една страна, па можеби Србинот бил само приватно во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец

Голема трагедија во Полска: Ракометарка од Русија се удави во езеро

Конечно: Ракометарите на плажа на последниот меч до прва победа

Голот на Металург ќе го брани екс чуварот на Вардар