(ФОТО) Миа Калифа го одбра својот идеален тим во Премиер лигата

Миа Калифа која своевремено важеше за најпознатите актерка од филмовите за возрасни во последно време се почесто се поврзува со спортот, особено со фудбалот и клубовит о Премиер лигата.

Атрактивната Калифа пред рестарот на Премиер лигата ги одбра најдобри 11 од англискиот елитен фудбал. Изборот таа го направи на нејзиниот Јутуб канал кој брои повеќе од 800.000 претплатници.

„Некои од тие избори се контроверзни, некои можеби се неосновани, но тоа е затоа што не знам многу за сите играчи во Премиер лигата. Меѓутоа уживам да ја гледам“, призна Калифа.

Претходно таа се декларираше како навивачка на Вест Хем, а призна и дека Фелипе Андерсон и е најомилен играч од Премиер лигата.