(ФОТО) Металург тргна на Копаоник

Актуелниот освојувач на Куп титулата, Металург денес пристигна во Копаоник, Србија и се смести во убавиот хотел “Озон“.

Ракометарите од Автокоманда денеска го одржаа својот попладневен тренинг, а од утре стартуваат со по два тренинга дневно, во природа и во салата во склопот на хотелот.

Металург во Копаоник ќе престојува до 13 август, а потоа ќе се врати во Скопје.