(ФОТО) Мекгрегор утрово со својата објава го шокирашe сите: Објави крај

Еден од најдобрите УФЦ борци, Конор Мекгрегор утрово со објавата на социјалните мрежи ги шокираше со оглед на тоа што објави дека се повлекува од спортот.

Конор Мекгрегор напиша дека става крај на својата професионална боречка кариера на само 31 година.

„Здраво дечки, решив да се пензионирам од борењето. Ви благодарам на сите за прекрасните спомени. Имав одлично ‘возење’. Еве фотографија од мене и мајка ми во Лас Вегас по една од моите светски титули. Одбери го домот од твоите соништа мамо и те сакам. Што и да посакаш, твое е“, стои во објавата на Мекгрегор.

Ирецот беше шампион во две дивизии, а интересно ова е трет пат во кариерата како објавува пензија, па времето ќе покаже дали ова е негова конечна одлука.