(ФОТО) Мејведер се пофали со заработката: Еден куп пари на седиштето од скапоцениот Ролс Ројс

Теншин Насукава три пати за две минути паѓаше на подот, па неговиот тим одлучи да го прекине мечот против боксерската легенда Флојд Мејведер.

Иако е 21 година постар од противникот, Мејведер целосно ја уништи јапонската кик бокс ѕвезда, а за нешто повеќе од две минути во рингот Американецот заработи девет милиони долари.

Секако, Флојд со заработувачката одлучи да се пофали и на социјалните мрежи. Па така, на Инстаграм покажа еден куп пари на седиштето од својот скапоцен Ролс Ројс, а тоа е само дел од најлесно заработените пари во кариерата.

Насукава пред борбата беше убеден дека ќе го победи Мејведер, иако не можеше да користи кикбоксерска техника. Сепак, на крајот беше понижен пред 37.000 гледачи во Саитама, а Флојд на крајот дома си замина со насмевка.

„Се уште двајцата сме непоразени. Ова го направивме поради забава. Теншин е голем шампион, а јас се уште сум во пензија. Главата горе Теншин, поддржете го луѓе. Тој е одличен дечко, одличен борец и голем шампион“, му порача Мејведер на младиот Јапонец.

Насукава во кариерата има скор од 32:0, додека Мејведер има 50:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посакуван расплет: Македонија во група во Љубљана, ќе играме и против Турција на Јошко

Екс играч на МЗТ додека со својот клуб се борел за опстанок барал да оди на одмор со Дара Бубамара

(ВИДЕО) ДРАМА во Банско: Бугарите три часа спасуваа македонски сноубордери

Мекгрегор го нарече Хабиб кучка, а овој му возврати со фотографија која ќе го здоболи Ирецот

Радувај се Македонија: Одбојкарската репрезентација оди на Европско првенство

Шведска ни праги голема услуга – го победија Азербејџан и не носат чекор напред за пласман на ЕП

(ВИДЕО) Шокантна снимка: ММА борец по 20 секунди сам си ја скрши ногата

Сите можни калкулации пред утрешнотo „финале“ за одбојкарите за пласман на ЕП

Европското првенство е се подалеку, Македонија поразена во Запорожје од Украина