(ФОТО) Мбапе ќе игра со скршен нос. Неговата шега на Х имa 13 милиони прегледи

Килијан Мбапе не ќе мора да оди на операција откако го скрши носот на мечот Франција – Австрија (1:0). во дуелот со Кевин Данс и мораше да ја напушти играта пред крајот на натпреварот.

Иако првичните прогнози сугерираа дека тој е под знак прашалник за остатокот од турнирот, вестите од Франција велат дека е можно, иако не многу веројатно, тој да се појави уште на натпреварот в петок против Холандија.

Ова го пишува „РМС спорт“ и додава дека Мбапе бил на преглед во болница во Дизелдорф и било потврдено дека не му е потребна операција. Тој најверојатно ќе го пропушти следниот натпревар на „триколорите“, но би требало да се врати на последниот тест од групната фаза против Полска, следниот вторник.

Се очекува Мбапе да настапи со заштитна маска на лицето. Тој самиот го навести тоа откако им се обрати на своите следбеници на X (поранешен Твитер) со прашање надполнето со емотикони и маска. „Идеи за маска? ги прашал своите следбеници. Неговата порака беше објавена пред 01.30, а до 7 часот наутроп имала речиси 13 милиони прегледи.


Мбапе е најважниот играч во Франција и еден од најдобрите на светот, па неговото отсуство би било огромен удар за тимот на Дидие Дешам, еден од најголемите фаворити за ЕП.

Мбапе постигна 44 гола и асистираше 10 пати на 48 натпревари за ПСЖ, францускиот шампион, минатата сезона, по што летово заминува во Реал Мадрид. За репрезентацијата одигра 79 натпревари и постигна 47 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО