(ФОТО) Манасков откри – синоќа во Скопје имало трето полувреме

Екипат на Вардар во 10. коло од групната фаза во Лигата на шампионите, забележа уште еден убедлив пораз и тоа пред своите навивачи. Синоќа славеше Веспрем со убедлив резултат од 29-38.

Во таборот на Унгарците играа низа поранешни членови на „црвено-црните“, како Борозан, Штербик, Мораеш и Манасков на теренот, а на клупата беа некогашниот помошник на Раул Гоназлез, Дејвис кој сега е прв тренер на Веспрем, а во стручниот штаб е и Марија Лојанец, кондиционата тренерка.

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков на својот поранешн клуб Му даде едне гол, а по мечот се пофали дека имало и трето полувреме.

Манасков на својот профил на Инстаграм објави заедничка фотографија со капитенот на Вардар и соиграч од репрезентацијата, Стојанче Стоилов.