(ФОТО) Македонскиот репрезентативец и ѕвездата на Јунајтед направија шоу за време на карантин

За време на пандемијата наречена КОВИД19, сите спортисти се во изолација и полека ги фаќа досадата, па бараат разни начини да се забавуваат и комуницираат.

Денеска на социјалната мрежа Инстаграм, можеше да се види видео средба на македонскиот репрезентативец и играч на Спортинг, Стефан Ристовски, со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, кој пред неколку месеци беше негов соиграч, Бруно Фернандеш.

Момците се вклучија во живо, споделуваа коментари околу ситуацијата со КОВИД19 и разменија мислења околу тоа дали и кога ќе продолжи сезоната во фудбал.

Ако внимателно забележиме на фотографиите од видео повикот меѓу двајцата играчи се вклучи во живо и голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.