(ФОТО) Македонија поразена од Австрија – но она што го направија гостите е ЧУДНО

Македонската женска фудбалска селекција по вторпат во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2021 година е поразена од Австрија.

Вечерва гостинките славеа со 3-0 против „црвено-жолтите“ што за нашиот национален тим ова беше трети пораз во овој циклус.

Австрија преку Била во 35. минута поведоа од пенал, а во финишот на првиот дел дојдоа и до 0-2 преку Задразил. Печат на победата стави Дунст која погоди за 0-3 во 78. минута.

Јаки финтаџики ова Австријкиве…

Gepostet von MacedonianFootball.com am Freitag, 8. November 2019

Интересен момент видовме во второто полувреме кога Австрија при изведување на слободен удар постави два живи ѕида и тоа помеѓу нашиот.