(ФОТО) Македонија полета за Египет!

Македонската ракометна селекција пред неколку моменти со чартер лет од Скопје замина за Египет.

Голманот Никола Митревски објави селфи од авионот пред полетувањето и напипа 90+5 , очигледно алудирајки на тоа што во последен момент или народски кажано во судиско продолжени заминавме на Мундијалот.

Се очекува летото да трае неколку часа и нашата експедициај да пристигне во земјата на „фараоните“.

Веднаш ќе бидат подложени на нови тестови за корона вирус, по што ќе заминат во карантин во хотелот кој ќе им биде база.