(ФОТО) Македонија е трета ракометна сила во Европа – на клупски план

Сакал некој да признае или не, национален спорт на Македонија е ракометот. Доказ за тоа стигна и од ЕХФ откако нашиот клупски ракомет е рангиран како трета сила во Европа, и тоа како големо признаени.

Ова доаѓа пред се на успехот на Вардар кој стана по вторпат европски шампион во рок од три години, а притоа три пати по ред настапи на завршниот Ф4 турнир во Келн.

Високиот ранкинг секако е поради Металург кој исто така беше учесник во ЛШ, но и тимот на Еурофарам Работник кој годинава ќе дебитира во елитното друштво.

Како што веќе е познато доста тоа ќе се смени во европскиот клубски ракомет од сезоната 2020/2021 година. Македонскиот ракомет има сигурно место во новата Лига на шампионите и три места во Европската ракометна лига што е големо признание за нашиот клубски машки ракомет.