(ФОТО) Лекип распука по Лига 1: Ние сме идиоти!

Бундеслигата почна одамна, овие два дена, продолженијата на сезоната ги одредија Ла Лига, Серија А и Премиер лига, а само француското првенство од топ-5 во Европа нема да се игра.

Тоа ја изнервира редакцијата на реномираниот француски весник Лекип која за утре подготви остра критика на насловната страница.

„Ние сме идиоти“, би можело слободно да се преведе она што го напиша Лекип иако тоа е во прашална форма. Французите одамна одлучија дека нема да играат и го прогласија ПСЖ за шампион.