(ФОТО) Леброн ја покори НБА лигата, па се почасти со Мерцедес од 1.5 милиони долари

ЛА Лејкерс дојдоа до нова титула во НБА лигата пред неколку дена откако во финалната серија го совладаа Мајами Хит.

На крилјата на Леброн Џејмс, Лејкерс успеаја повторно да станат кралеви на НБА лигата и да стигнат до нова титула. Дури и на 35-годишна возраст, Џејмс покажа дека е најдобар на светот.

Откако жестоко ја прославија титулата, кошаркарите на Лејкерс конечно се вратија во Лос Анџелес кај своите семејства по повеќе од два месеци.

Многумина од нив решија да се почестат за новата титула, но Џејмс тоа го направи со стил. Имено, кошаркарот на Лејкерс реши да си купи нов автомобил, за кој плати дури 1,5 милиони долари.

Тој купи Мерцедес-мајбах G650 Landaulet со специјална опрема. Оваа серија е произведена во само 99 примероци и Џејмс сега е сопственик на една од нив.

Покривот на автомобилот е висок дури 2,2 метри, така што Џејмс може да вози нормално поради неговата висина, а тој издвои неверојатни 1,5 милиони долари за новиот Мерцедес. Треба да се додаде дека тој поседува уште 13 автомобили.