(ФОТО) Кристијано, среќна нова 2006 година!

Кристијано Роналдо на волшебен начин ја почна новата година, постигна хет-трик против Каљари и потврди дека се наоѓа во одлична форма во последно време.

Но, пред почетокот на мечот Португалецот го привлече вниманието со нешто друго. Додека се поздравуваше со навивачите, воочливо беше нешто на неговата вратоврска.

Роналдо слушаше музика користејќи iPod Shuffle од 2005 година, а Apple овој MP3 player престана да го произведува уште пред три години.