(ФОТО) Кристал Палас ги однесе бодовите, па му фати сеир на Јунајтед

Кристал Палас е најпријатното изненадување во Англија денеска откако по 30 години успеа да победи на Олд Трафорд.

Но, одличното издание од дуелот со Манчестер Јунајтед лондонскиот клуб го надополни на Твитер каде жестоко му спушти на својот противник.

Пред мечот Јунајтед објави твит дека би сакал секое коло да игра со Челси, алудирајќи на победата од 4-0 во првото коло. По натпреварот, Палас само кратко порача: Сигурни сме дека е така…