Фото: Кошаркарот на Црвена Звезда во кома по страшната несреќа – автомобилот уништен

Репрезентативецот на Србија и кошаркар на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ, е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случија во близина на Бањалука.

Информациите одат и до таа граница што дури медиумите во соседството тврдат дека Кузмиќ е дури и во кома, што е уште пострашно.

Тој веднаш бил префрлен во Белград поради сериозноста на повредите кои ги заработил.

Според последните информации, Кузмиќ имал фрактура на вилицата и неколку други скршеници по телото и со тоа, тој бил во комплетна кома.