(ФОТО) Комплетирано првото издание на Кочани Опен – одличен тенис и врна организација

Изминатите три дена, поточно продолжениот викенд Кочани беше град на тенисот и пулсираше во знаците на „белиот спорт“.

За првпат се организираше тенискиот турнир Кочани Опен кој има предиспозиции да прерасне во традиционален. Доказ за тоа е одличната организација од страна на организациониот одборот на турнирот , а за се да биде на едно високо ниво тука беше и тенискиот клуб Рекет од Кочани.

На првото издание на Кочани Опен настапија 55 тенисери од цела Македонија, а се играше на шест одлично подготвени терени на земја. На крај на првото место се радуваше Ѓорги Јанкуловски кој во вечерашното финале, играно под рефлектори славеше над Дино Вучидолов со 2-0 во сетови (6-0, 6-2). Третото место му припадна на Дарко Колевски.

Победникот Јанкуловски освен со победничкиот трофеј, од Кочани ќе си замине побогат и со 300 евра колку што беше наградниот фонд за победникот.

Притоа, организаторите на турнирот се заблагодарија на поддршката од спонзорите без кои сето ова немаше да биде на вакво ниво. Исто така се потенцира дека со организацијата на Кочани Опен се надеваат дека ќе ја поттикнат се повеќе млади кои би се одлучиле за овој спорт.