(ФОТО) Кога не може на стадион, може и вака: Комити ја прославија титулата на Вардар

Иако претстојната сезона нема да игра во Лигата на шампионите затоа што не успеа да добие лиценца, Вардар се закити со 11. трофеј во домашното првенство и вкупно 12. во својата историја, ако се земе предвид и онаа титула од 1987 година во СФРЈ.

Поради ситуацијата со корона вирусот, навивачите на Вардар не беа во можност да го прослават успехот на стадион, но не дозволија тоа да остане неодбележано.

Во центарот на Скопје тие приредија факелијада во чест на новиот трофеј на нивниот омилен клуб.