(ФОТО) Клоп не е во право: Почетната постава на Ливерпул е поскапа од онаа на Челси

Англиската фудбалска јавност неколку дена ја анализира изјавата на Јирген Клоп дека Ливерпул не е клуб како Челси кој само купува фудбалери и троши баснословни суми на нив.

Опширните анализи доведоа до заклучок дека, всушност, Ливерпул е тој што во моментов има поскапа почетна постава (иако на секој меч екипите не излегуваат во истиот состав). Според она што го платиле двата клуба, вредноста на тимот на Ливерпул изнесува 353, а на Челси 307 милиони фунти.

Но, има тука уште еден елемент кој е на страната на лондонскиот клуб. Во последните три летни преодни рока, Челси ги продаде Азар, Мората и Куртоа и за нив заработи околу 200 милиони евра што значи дека од парите од нив го надгради својот состав и го направи еден од кандидатите за титулата во Премиер лигата.