(ФОТО) Ќерките на Панчев израснаа во вистински убавици – мама Маја се пофали од плажа

Најголемата гордост на пејачката Маја Гроздановска-Панчева и македонската фудбалска легенда Дарко Панчев се ќерките Надица и Марија.

Маја на својот Фејсбук профил објави фотографија од летниот одмор со нив.

Постарата ќерка, Надица има 19 години и студира Германски јазик на Филолошкиот факултет, а Марија има 14.

Летното сонце носи забава со семејството“, напиша Маја под фотографијата.

На неа е видливо дека ќерките се поделени. Помалата Марија, многу наликува на татко ѝ, фудбалската легенда Дарко Панчев, а Надица е копија на мајка си.