(ФОТО) Карагер повторно го провоцира Невил со Кристијан Голубовиќ

Кристијан Голубовиќ и крив ни должен не се најде во центарот на вниманието во Британија благодарение на твитот на поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер.

Поранешните играчи и големи ривали на теренот Џејми Карагер и Гери Невил го продолжија своето натпреварување и по своите кариери.

Така, тие често знаат да се „провоцираат“ едни со други на социјалните мрежи кога ќе загубат Ливерпул или Манчестер Јунајтед.

Тие објави станаа вирални за многу кратко време, а една таква објава беше фотографијата утрово на поранешниот играч на Ливерпул кој му го честиташе роденденот на својот поранешен ривал.

И тоа со слика ни помалку ни повеќе, туку од од Кристијан Голубовиќ, жестоко момче од 90-тите години од Белград кој денес е во Србија реалити ѕвезда

Тој тоа го стори истото пред неколку години кога исто така го спореди со наведената личност.

Со тоа, се разбира, тој сакаше да алудира на сличноста помеѓу Невил и Голубовиќ, но се сомневаме дека тој знаеше со кого всушност го споредува.