(ФОТО) Каков лик: На прозивка на клубот се појави со торба со реклама на порно сајт

Аталанта вчера ги почна подготовките за новата сезона во која ќе дебитира во Лигата на шампионите.

Играчите се појавија на прозивката, но еден од нив го привлече вниманието на сите. Матео Песина се појави со торба со рекламата на порно сајтот Pornhub.

Поради ова Песина е главна приказна во цела Италија, речиси исто како и најголемите ѕвезди во италијанскиот фудбал.