(ФОТО) Јувентус го претстави новиот гостински дрес

Фудбалерите на Јувентус неодамна ги започнаа подготовките за новата сезона.

Старата дама ги разочара фановите со своите игри минатата сезона, а по девет години доминација не успеаја да го освојат Скудетото.

Исто така, Јувентус не успеа да направи значаен резултат во Лигата на шампионите, иако веќе неколку сезони се обидуваа да го освојат ова натпреварување.

Ова лето, челниците на клубот одлучија да направат неколку измени, од кои најзвучна беше враќањето на Масимилијано Алегри во стручниот штаб.

Исто така, Старата дама неодамна претстави домашен дрес за новата сезона, а сега е ред на дресовите во кои играчите на Јувентус ќе играат натпревари на гости.

На овој дрес преовладува црната боја, а Адидас додаде неколку интересни детали