ФОТО: Иванишевиќ извади ретро фотка од минатото на која има многу убави сеќавања!

Легендарниот хрватски тенисер, 49 годишниот Горан Иванишевиќ, со своите пријатели на социјалните мрежи сподели ретро, фантастична фотографија стара три децении.

На фотографијата го има Иванишевиќ кој се фотографира со малата или младата Моника Селеш која тогаш веројатно не беше ни полнолетна.

Тие беа двајца доста талентирани тенисери кои се пробија до светскиот тенис од тогаш силната Југославија.

Стари добри времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе оствариме во годините кои доаѓаат во иднина“, се присеќа Иванишевиќ.