(ФОТО) Играчите на Арсенал фатени на дело: Вдишувале опасен гас на забава и направиле хаос

Ѕвездите на Арсенал ќе мораат да дадат рапорт кај раководството на клубот поради скандалозното видео кое се појави.

Британски „Сан“ објави видео снимка од дивата забава на играчите на Арсенал кои се снимени пред почетокот на сезоната на забава со 70-тина девојки како преку балон вдишуваат гас за смеење.

Месут Озил, Пјер Емерик Обамејанг, Александре Лаказет и Матео Гендузи се снимени како ја вдишуваат оваа опасна материја која може сериозно да го загрози здравјето.

Видливо е дека младиот играч за врска на „Топчиите“ Гендузи ја губи свеста откако го вдишува „рајскиот плин“, а ни Месут Озил не помина подобро и за малку ќе паднеше во несвест.

На видеото се појавуваат уште Хенрик Мхитарјан на кого Озил му го нудеше балонот, но Ерменецот го одби тоа, исто како и Шкодран Мустафи.

Арсенал по објавувањето на видео снимката потврди дека за овој случај ќе се разговара во клубот.

„Играчите за овој случај ќе разговараат со челниците на клубот“, кратко соопштија од клубот, а извор на „Сан“ додава:

„Ако тренерот Емери е несреќен што пијат овошни сокови, којзнае што ќе каже кога ќе го види ова. Вистина, се случи одамна, а иако се во серија на одлични резултати, вакви работи не можат да се игнорираат, особено не бидејќи тоа го направија првотимци“.

Гасот за смеење е практично легална дрога која може да ја купи било кој. Вдишувањето на овој гас доведува до губење на координација на движење, несвестици, срцев удар, па дури и смрт. Лесно може да се купи во канистери и најчесто се користи на анчинот на кој го користеле играчите на Арсенал. Гасот за смеење секојдневно се применува во сите подрачја на денталната медицина, како кај возрасните, така и кај децата. Кога го користите чувствувате еуфорија, опуштеност, а предизвикува и халуцинации и главоболки.

Забавата која ја приредиле играчите на Арсенал чинела 25.000 фунти. Дури 70 девојки биле повикани на забавата. Една личност која била на забавата во разговор за „Сан“ истакнува дека била шокирана од она што го видела.

„Кутии со „рајски плин“ беа донесени, а играчите без престан вдишуваа гас од балоните. Не знаеа каде се, а некои загубија свест. Озил во еден момент се онесвести и падна од столчето. Еден млад играч со виткана коса (Гендузи) го следеше и ефектот беше уште полош. Вдиша од гасот и само се преврте на едната страна од каучот. Беше неверојатно да се видат спортисти и идоли толку да ризикуваат со толку опасна супстанца. Ако сето ова го видеа навивачите и тренерот ќе беа исплашени. Уште поопасно е тоа што потоа пиеја огромни количини на алкохол. Неколку од нив си заминаа со девојки во црн мерцедес околу 4 часот наутро“.

Арсенал на крајот околу овој случај ќе се огласи, а возможно е сите фудбалери од снимката да добијат жестоки парични казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Модриќ конечно ги искритикува Меси и Роналдо: Тоа што го сторивте, не беше фер!

Кориере со интересна информација: Марсијал со (не)очекувано барање до клубот пред да потпише договор

Допрва може да настане уште поголема омраза кон Иско – Ривалдо му даде трансфер совет

ВИДЕО: Во Арсенал дуваат некои нови ветришта – Гендузи и Лаказет му асистираа на Кошиелни од клупа

За прв пат во историјата на фудбалот: во Шведска прогласен најверниот фанатик во светот – еве и зошто

Клоп пред дербито со Јунајтед на прес доби интересно прашање за Погба – па одби да одговори!

Пеп ги потврди плановите на Сити за оваа трансфер зима

Солари го објасни потегот на Иско по кој навивачите збеснаа на мечот со ЦСКА

Марадона се уште „тежи“ во фудбалот: Уникатен дрес од Диего продаден за голема сума