(ФОТО) Играчите молчат, само Пујол се прости од Меси

Фудбалерите на Барселона изгледа се во голем шок од информацијата дека Лионел Меси си заминува од клубот и се уште ниеден не се огласил во врска со ова.

Првиот и засега единствен кој се прости од Аргентинецот, а е на некој начин поврзан со каталонскиот клуб е поранешниот капитен Карлес Пујол.

„Ти благодарам многу, Лео за се. Никогаш нема да можеме доволно да ти заблагодариме за се што ни даде. Ти посакувам се најдобро“, напиша Пујол на Инстаграм.

Фудбалскиот клуб Барселона преку социјалните мрежи објави видео со најубавите потези на најдобриот на сите времиња, но навивачите се уште се надеваат дека тој нема да си замине.