(ФОТО) Ибра повторно растури на Твитер: Ни короната ништо не му може

Една од главните вести во фудбалот денеска е Златан Ибрахимовиќ кој е еден од многуте фудбалери заболени со корона вирус.

Поради тоа вечерва нема да настапи во Лигата Европа, против норвешкиот Бодо, но дури ни тоа не му го уништи духот на шведскиот фудбалер. Пред неколку минути тој се огласи на Твитер, во свој стил.

„Вчера бев негативен на тестирањето, а денеска позитивен. Немам никакви симптоми. Ковид има храброст да ме предизвика, но тоа е лоша идеја“, порача Ибрахимовиќ