(ФОТО) И Шпанците удрија по Ѓоковиќ: Себичен незнајко!

Американците, Англичаните и Французите претходните три дена го извадија цел арсенал навреди кон првиот светки рекет Новак Ѓоковиќ.

Кога тие завршија, на сцена стапија Шпанците, односно најтиражниот спортски весник во оваа земја Марка. Новинарот Мануел Хулија го наслови својот текст „Корона Ѓоковиќ“, илустрирајќи го Србинот со корона, наместо круна на главата, а во своето писание го нарече тенисерот „себичен незнајко“.

„Ако сакате на децата и спортистите да им кажете што не смеат да прават, потребни се само неколку зборови и видеото од Ѓоковиќ како танцува во ноќен бар. Тогаш ќе им отворите весник и ќе им кажете: Е, сега прочитајте што се случува во светот.

Пријател кој работи в болница, додека гледавме двојка во бар како се бакнува, ми рече: Не би го правеле тоа кога би виделе колку е тоа ср**е опасно, тогаш никој не би ризикувал.

Некои мислат дека се тоа куршуми кои убиваат само стари луѓе и се чувствуваат безгрижно и сигурно. Не им е гајле дали ќе станат сејачи на смртта. За што ли размислувал тој тениски гениј, тој себичен незнајко за животот кој зборуваше дека се работи со чисто срце и со најдобра намера“, напиша Хулија.

Критиките на сметка на Ѓоковиќ од Шпанците дојдоа уште во периодот кога почна пандемијата со корона вирусот, а Србинот беше фатен како тренира на приватен терен.