(ФОТО) И ова го немавме видено: Тур де Франс за момент прекинат поради снег

Организаторите на најпознатата велосипедска трка, Тур де Франс се соочија со големи и неочекувани проблеми.

Имено мораше да биде прекината 19. етапа од трката поради снег и кал на патот во областа Тињес во Алпите.

Багери и останата механизација напорно работеа за да биде оспособена делницата каде што треба да поминат велосипедистите.

Кога сме кај Тур де Франс да кажеме дека истата се одржува од 6. до 28 јули.