(ФОТО) И ОФИЦИЈАЛНО познати составите за Вардар – Веспрем

Денес во рамки на 10. коло од групната фаза во Лигата на шампионите со почеток до 17.00 часот во СЦ Јане Сандански Вардар ќе го пречека Веспрем.

Во пресрет на дуелот, тренерите на двете екипи ги објавија составите со кои ќе излезат на мегдан. За „црвено-црните“ доброе е што тренерот Кокшаров ќе може да смета на Даинис Кристопанс кој се чини по повредата, сега е подготвен.

За овие две екипи, вечерашниот меч ќе биде втор сезонски сооглед на тоа што во првиот, игран во Унгарија, домаќините од Веспрем беа и и повеќе од убедливи откако славеа со 39-20.

За потсетување, дуелот Вардар-Веспрем ќе биде реприза од финалето во Лигата на шампионите минатата сезона.