(ФОТО) И Јувентус потврди: Сари, ти благодариме!

Неофицијалните информации од Скај спортс се покажаа точни бидејќи пред неколку минути и Јувентус преку социјалните мрежи го потврди отказот на Маурицио Сари.

Искусниот стручњак го освои Скудетото, деветто во низа за Јувентус, но тотално потфрли во другите натпреварувања бидејќи торинскиот тим беше поразен од Лацио во Суперкупот и од Наполи во Купот на Италија, а во Лигата на шампионите стигна само до осминафиналето каде доживеа елиминација од Лион.

Јувентус му се заблагодари на Сари, но не објави кој ќе биде негов наследник. Одлуката за тоа веројатно ќе биде донесена во текот на претстојната недела.