(ФОТО) Холанѓанецот пишува историја: Прва пол-позиција за Ферстапен

Со нов рекорд на патеката Хунгароринг од 1:14,572, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен триумфираше во квалификациите за Големата награда на Унгарија.

Тоа ќе биде прва пол позиција за младиот Холанѓанец кој веќе има неколку победи зад своето име и најави блескава кариера. Зад него останаа возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

Во генералниот пласман води Хамилтон со 225 бода, Ботас има 184, а Ферстапен е трет со 162.