ФОТО: Хаос во Романија – со камења кон полицијата, еден загуби свест

Вечерва во Романија се случи голем инцидент на бараж мечот за влез во прва лига помеѓу Универзитате и Херманштад.

Домашните навивачи ја собраа славата и станаа централни личности на вечерашните случувања.

По водечкиот гол за гостите, кој го постигна Петерски во 79. минута, на трибините во Клуж се случи тотален хаос. Домашните навивачи незадоволни од резултатот, почнаа да прават инциденти.

Забавата на хулиганите траеше неколку минути, а за тоа доволно зборуваат и неколкуте фотографии од немилите сцени. Домашните фанови со камен погодија во глава полицаец кој стоеше на атлетска патека.

Несреќниот полицаец во еден момент, облиен во крв околу себе, остана без свест. Експресно бил хоспитализиран, а последните информации зборуваат за тоа дека ситуацијата му естабилна и дека нема повреди и на мозокот.