ФОТО: Грожан го избегна сценариото на Лауда – но неговите раце изгледаат грозно

Францускиот возач Роман Грожан благодарение на својата храброст и брзата реакција на медицинскиот тим, успеа да го избегне најлошото, по што беше однесен во најблиската болница.

Тој на ГН на Бахреин, имаше хаварија, по што успеа на крај да „побегне“ од болидот на Хас, кој целосно беше зафатен со пламени јазици.

Грожан на крајот се здоби со изгореници на рацете, иако последиците можеа да бидат фаталки. Тој два месеци по трката, објави на Твитер како изгледа ситуацијата со неговите раце.

Изгледот на неговата рака е доста грозен, но замислете само неколку секунди доколку останеше во болидот кој гореше немилосрдно на патеката.