ФОТО: Грешка или најава за пензионирање – што му значи овој потег на Хамилтон?!

Луис Хамилтон сонуваше да ја освои својата осма шампионска титула и да го мине Михаел Шумахер и во оваа статистика, но сплетот на околности и Макс Верстапен му го одземаа тој сон.

Деновиве се почесто се зборува и шпекулира околу тоа дали Хамилтон ќе замине во пензија или ќе се обиде да вози уште една сезона во која ќе се обиде да стане најтрофеен.

Гласините за пензионирањето на Хамилтон дополнително се разгореа по последниот потег на Британецот, кој одлучи да престане да ги прати сите на Инстаграм, што може да се види на фотографијата под текстот.

Вистина е дека Хамилтон не следи многу луѓе на Инстаграм, но сега тој број е сведен на нула, па неговите фанови со право ќе се прашуваат зошто ваков став и што всушност му значи ова.

Голем дел од фановите искоментираа дека ова е прв сигнал дека Хамилтон сака да најави повлекување од Ф1.