(ФОТО) Грен Слем шампионката се соблече во снегот и ги покажа голите гради

Една од најуспешните светски тенисерки во игра на дубл, Американата Бетани Матек Сандс која во кариерата има злато од Олимписките игри и дури 8 титули во Грен слем турнирите во дубл или микс дубл се реши да ги почасти своите фанови.

Пред дубл кариерата, своевремно имаше и синл кариера и освои 5 ИТФ турнири, а во еден момент беше и 30. на ВТА листата во поединечна конкуренција.

Од друга страна, во дубл беше најдобра во светото во 2017 година, а годинава го освои УС опен во микс дубл и во одлично расположение ќе ја дочека следната сезона.

Тоа може да се заклучи и по нејзините активности на социјалните мрежи, каде објави како одмара во националниот парк Јелостон каде што сака потполно да се ослободи, па така во еден момент ги покажа своите голи гради.