ФОТО: Гордост македонска – Георгиевски блеска со медалот среде Токио!

За денеска е закажан пречек на македонскиот олимпиец, момчето кое на Македонија и носи парче историја, сребрен медал, Дејан Георгиевски.

Македонскиот олимпиец кој се натпреварува во таеквондо, пред два дена ја направи цела Македонија горда по освоениот историски медал за него на ОИ во Токио.

По трите први борби и победи, во финалето Георгиевски беше совладан од рускиот натпреварувач Владислав Ларин, но среброто за Македонија е како злато.

Георгиевски позираше во сончевиот и топол Токио со знамето на Македонија и со освоениот медал, кој во иднина треба да биде пример и правец за младите спортисти, кои треба да го следат патот на Георгиевски, кој со многу труд и вложувања, дојде до медал.