ФОТО: Го тролаат Германецот – Фетел, што ти сторија во Ферари?

Четирикратниот Ф1 шампион Себастијан Фетел, од новата сезона ќе вози за Астон Мартин.

Тој по неуспешната епизода со Ферари, каде помина пет сезони, но не освои титула, се сели во нов тим.

При првите фотографии на тестирањата со новиот клуб, на Себастијан Фетел му фатија сеир околу неговата коса, која сега очигледно ја има, но таа е поретка.

Дури навивачите во Ф1 се шегуваат со Фетел, во стилот дека Ред Бул му дал крилја во минатото (4 титули), додека во Ферари му ја земале косата, поради сите стресни ситуации на патеката кои ги мина.

РЕД БУЛ ви дава крилја ,ФЕРАРИ ви зема коса… а АСТОН МАРТИН….. ќе видиме 😀

Posted by Спортисимо Македонисимо on Wednesday, January 27, 2021