(ФОТО) Гери Невил збесна: Зошто Погбаааааааа…

Легендарниот бек и капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил во анализата на Скај спортс остро го нападна Пол Погба за тоа што го изведе, а и промаши пеналот против Вулверхемптон.

За разлика од мечот против Челси во првото коло, Французинот сега беше далеку од своето ниво, му фалеше креативност, а го навлече гневот на навивачите со одлуката тој да шутира. Во првото коло од пенал погоди Рашфорд.

„Зарем треба да има дебата кој да го шутира пеналот? Погба промаши четири пенали последната година. Вриев уште кога ја зеде топката, не знам зошто не шутира Рашфорд. Јунајтед немаше лидер на теренот вечерва“, изјави Невил.

Манчестер Јунајтед пропушти можност да се искачи на првото место на табелата со евентуална победа што би бил голем поттик за фудбалерите.