(ФОТО) Георгина објави „жешка“ фотка додека Роналдо ја примаше наградата

Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез беше мошне опуштена синоќа додека се доделуваа наградите за најдобрите во светот и најдобрите во Серија А.

Нејзиниот дечко, Роналдо не се појави на доделување на Златанта топка, туку на доделување на најдобрите во Серија А.

Сепак Георгина не го придружуваше на церемонијата, но објави што правела за тоа време, односно како го искористила.

Георгина објави нова провокативна фотка на која позира во када, но облечена во тоалета, а во описот меѓу другото стави: Опуштено.

Истата фотографија веќе собра 1.3 милиони лајкови.