(ФОТО) Георгина на Роналдо покажа каква машина вози

Георгина Родригез седна на совозачкото место на скапиот Бугати кое му припаѓ на нејзиниот партнер Кристијано Роналдо, па направи една фотографија за Инстаграм.

Роналдо во неделата ја прослави годишнината од освојувањето на Европското првенство со Португалија, а истиот ден неговата репрезентација ремизираше со Франција (0-0). Пред тој натпревар, Георгина ги потсети навивачите дека нејзината сакан е европски првак со Португалија.

Таа потоа објави фотографија во Бугати вредна 1,7 милиони фунти, која му припаѓа на напаѓачот на Јувентус.

Насмеаната згодна манекенка подоцна доби милиони лајкови за таа објава, a пред се тоа поради нејзиното атрактивно тело кое беше во преден план.

Што се однесува до Бугатито, тој е еден од најскапите автомобили во гаражата на Роналдо, но покрај него има уште десетици други лимузини.