ФОТО – Фудбалер(к)ите од Јувентус и Барселона: Антоан Гризман и Кристијано Роналдо!

Барселона продолжува со групните тренинзи, откако Владата во Шпанија даде сигнал дека може да се игра фудбал по 8 јуни.

На вчерашниот тренинг имаше неколку новитети во таборот на Барселона. Стручниот штаб носеше заштитки маски според протоколот, додека Антоан Гризман си промовираше свој нов имиџ.

Францускиот фудбалер својата долга коса ја искористи за да си сплете плетенка со која го привлече вниманието и на пошироката јавност.

Слична промена беше забележана и кај Кристијано Роналдо, кој очигледно реши малку да ја промени фризурата додека се подготвува за најавениот рестарт на Серија А.