(ФОТО) Француски репрезентативец е херој на денот: Додека е паузата ќе вози комбе на Брзата помош во Италија

Италија е државата во Европа које е најмногу погоден од опасниот корона вирус поради што сите спортски настани се во прекин.

Од Апенините ни пристига информација која вели дека репрезентативецот на Франција во рагби, Максим Мбанда се решил на вистинска хуман потег.

Имено додека трае паузата поради актуелната ситуација доброволно се пријавил да вози комбе на брзата помош во Италија и да помогне на народот.


„Кога е се откажано во врска со рагбито, се прашав себе си што можам да направам и како да помогнам, иако немам медицинско знаење. Затоа решив да помогнам во брзата помош“, рече Мбанда.