(ФОТО) Емоционална вечер за Пандев: Македонецот на работ на солзи го напушти теренот

 

Македонскиот репрезентативец и воедно капитен, Горан Пандев вечерва со тимот на Џенова одигра 0-0 на гостувањето кај Фиорентина и со тоа обезбеди опстанок во Серија А.

Пандев го започна мечот и го одигра безмалку целиот сооглед на тоа што во 84. минута беше заменет со Гунтер.

При излегување од теренот, Пандев беше мошне емоционален што се глда и по неговиот лик и беше на работ на солзи. Како што е познато Горан е слободен фудбалер ова лето и е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата.