(ФОТО) Екипата на Голден Арт КЛ7 ги стартуваше подготовките за новата сезона

РК Голден Арт КЛ7 предводен од Андон Бошковски, Билјана Црвенкоска и Димитар Маневски ги започнаa подготовките за новата сезона и ќе се работи согласно донесениот протокол од страна на Ракометната федерција на Македонија, почитувајќи ги сите препораки за тренирање во услови на пандемија.

Според претходно утврден план до 31 јули ќе се работи двапати на ден надвор од сала, додека после големиот македонски празник Илинден, стартувајќи од 03 август ќе се комбинираат тренинзите во сала и надвор.

Од 16ти август екипата ќе замине на подготовки надвор од Скопје, каде што ќе се одиграат и повеќе подготвителни натпревари.

Тимот на нашата легенда Кире Лазаров се очекува да биде вистинско освежување сезонава.