(ФОТО) Ех Данило, Данило: Една слика – милион зборови за селекторот Брестовац

Надежите и оптимизмот за добар пласман беа големи, но реалноста е сепак сосема друго. Македонија ЕП 2020 го заврши уште по првата фаза во групите.

Иако имавме релативно лесна група, сепак на овој шампиоан ќе забележиме најлош пласман на едно Европско првенство. Тешкиот пораз од Австрија, како и оној од Чешка, но и по малку среќната победа над Украина сакаме што побрзо да ги заборавиме, но нема да оди лесно.

Со безмалку горе долу ист состав на ракометари кои што го имаа претходните селектори, Лино Червар и Раул Гонзалез, актуелниот Данило Брестовац може да кажеме разочара.

Очигледно и самиот е свесен, а неговата реакција за време на средбата со Австрија која што ја улови еден од фотографите доволно говори. Што би рекле, една слика – милиони зборови.