(ФОТО) Еднаш вардарец, секогаш вардарец: Карачиќ и Дисингер ја честитаа победата во Битола

По големата победа во Битола на Вардар и речиси одбраната на титулата, почнаа честитките да пристигнуваат на адреса на двократниот европски првак.

Први кои се јавија на социјалните мрежи и упатија честитики до Вардар за денешниот голем триумф беа Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер, екс играчите на Вардар. И двајцата не го забораваат Вардар, титулите и убавите моменти минати во Скопје и во ,,црвено – црниот” дрес.

По победата во Битола, Вардар повторно е лидер на табелата во домашното првенство и потребни му се победи на последните три меча за да ја завери 15. шампионска титула.